Што е Јава пакет?

Еве неколку работи кои различни автори ги имаат кажано за Јава пакетите:

  1. Пакет е збир на поврзани класи и интерфејси кои овозможуваат привилегии за пристап и менаџмент на именскиот простор. [Кампионе, Валрат и Хумл во Јава туториалот)
  2. Пакетот е механизам на Јава за менаџмент на именскиот простор. [парафраза на Ецкел]
  3. Пакет е пригоден начин на групирање на многу различни класи кои имаат заедничка цел.
  4. Пакет е уникатно име за група на класи. [Хортон]
  5. Пакетите, кои се состојат од многу класи, интерфејс, или други пакети, користат хиерархиско организирање, и се користат да се организираат големи програми во логични и лесно менаџирачки единици. [Парафраза од Џиа]
  6. Јава пакетите се именски простори. Тие им дозволуваат на програмерите да создаваат мали приватни области во кои ќе се декларираат класи. Имињата на тие класи нема да се контрадиктираат или судрат со идентично именувани класи во различни пакети. [Мартин]

Како се именува, креира и складира Јава пакет?

  • Имињата на Јава пакетите треба да бидат напишани со мали букви и да се состојат од еден или повеќе идентификатори одделени со точки, како на пример two.three.
  • Ако сакате содржината на неколку изворни код фајлови на Јава да биде дел од пакет наречен two.three, тогаш наредната низа на кодови мора да биде прва низа без коментар во секој од тие фајл: Пакет two.three;
  • Сите фајлови во одреден пакет мора да бидат дел од една единствена под-категорија која кореспондира со името на пакетот, со што името на пакетот ќе биде ‘преведен‘ во пат на локалниот систем (што значи секоја точка би станала разделувачки симбол помеѓу делови од патот). Пример, на Unix или Linux систем, класата на фајлови на пакетот two.three мора да биде зачувана во ваква локација:

/rest_of_path/one/two/three

додека на Windows систем може да биде:

C:\rest_of_path\one\two\three

Дополнително, дел од патот до one/two/three (или one\two\three) мора да биде дел од патот на класата за дадениот систем.

  • Ако планирате да ги направите вашите Јава класи достапни на светот, препорачливо е да регистрирате Интернет домен име, и да го почнете името на секој од вашите пакети со името на вашиот домен напишано обратно. Ова ќе ви овозможи уникатно име на глобално ниво за секој од вашите пакети. И, ова навистина значи “глобално”, во смисла, “било каде во светот“.

Како се користи Јава пакет?

  • Стандардните архивски класи во Јава се содржани во пакети чие име почнува со javaили javax. Овие пакети, самите содржат помали пакети (на пример io). Овие класи со сигурност ќе бидат достапни во сите имплементации.
  • Вашите класи по основа имаат пристап до сите класи во lang, па вие никогаш нема да имате потреба директно да го внесувате овој пакет. Тој содржи класи како String, Math, и “завиткани класи” за примитивни типови, на пример.
  • Многу Јава пакети се внесувани почесто од други, па затоа често ќе видите еден или повеќе од следните изјави при внесување.

import java.io.*;

import java.awt.*;

import java.awt.event.*;

import javax.swing.*

Некои работи кои треба да ги запамтите за Јава пакетите…

  • Класите кои не се ставени во именувани пакети припаѓаат на (анонимен) “стандарден пакет” поврзан со моменталниот фолдер, и кога ние пишуваме мали програми, вообичаено оставаме се во “стандарден пакет” за поголема едноставност. Како и да е, пакетите се таму за да ни помогнат да ја задржиме нашата разумност при пишување на средни и големи програми, поради што треба да ги искористиме.
  • Членови на класите во даден пакет кои имаат protected одредница, се достапни било каде во истиот пакет, и исто така од било која под-класа на класа во дадениот пакет, која се појавува во друг пакет.
  • Членови на класи во даден пакет кои имаат “пристап по основа” (без специфична одредница за пристап) се достапни само во дадениот пакет.
  • Забележете дека пакетите всушност не “содржат” други пакети, иако нивната хиерархиска шема на именување може да имплицра дека содржат. Пример, користењето на влезната изјава

import java.awt.*;

не значи дека ќе го добиете и она што е дел од библиотеката што би го добиле со користење на оваа изјава:

import java.awt.event.*;

Ова би требало да биде јасно ако за момент помислите на тоа како имињата на пакетите кореспондираат со структурата на директориумот користена за складирање фајлови од пакетот, но лесно е да се направат погрешни претпоставки за поврзаноста на пакетите кога имињата на пакетите се тесно поврзани.

Листа на сите наслови

http://cs.smu.ca/~porter/csc/465/notes/javapl_packages.html

Log in with your credentials

Forgot your details?

ARE YOU READY? GET IT NOW!
Increase more than 500% of Email Subscribers!
Your Information will never be shared with any third party.
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a Quick Quote
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
Wait! We update this list regularly.
Subscribe to get notified when we add new shippers.
Don't worry, we hate spam too.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
GET THE LATEST UPDATES
Wait a minute! Before you go, complete this form so we can let you know when this list is updated.
Don't worry, we hate spam too.
Success! We'll Let You Know When We Update This List.
Get Notified When This List Is Updated
Wait a minute! We update this list on a regular basis. Do you want to get notified as soon as changes are made?
* Don't worry, we hate spam too.
Form submitted, we'll let you know.