Мозаична шема во црквата св Џорџ, Џезмонд, од Т.Р. Спенс

Жаклин Банерже, Д-р., придружен уредник, Викторијански Веб

http://www.victorianweb.org/art/mosaics/spence/1.html

victorianweb

 

 

Фотографии од авторот. Може да ги користите овие слики без претходна дозвола за било какви школарски или образовни цели се додека (1) му давате акредитација на фотографот и (2) го линкувате вашиот документ на овој URL во веб документ или го цитирате ВИкторијанскиот Веб во принтани верзии. [Кликнете на сликите за да ги зголемите.]

mosaic 1Mosaic 1bMosaic 1c

 

 

 

 

 

 

 

 

Лево кон десно: Гледајќи преку хорот на северната страна на олтарот (б) Гледајќи во олтарот од задната страна на хорот. (ц) Дадо, понизок панел на светкав стаклен мозаик на јужниот ѕид покрај спојницата на олтарот, дизајнирана од страна  на Спенс, и вградена во 1891 за да се замени мермерот кој првично беше на тоа место.

Капелата на црквата св. Џорџ, Озборн Роуд, Џезмонд, во Нортамберланд. Генерален дизајн од Т.Р. Спенс (1845-1918). Како и фигурите на обоеното стакло, некои од фигурите во богатата мозаична работа беа дизајнирани од северниот Пре-Рафаелитски артист Чарлс Вилијам Мичел, син на црковниот добротвор (види Певснер ет ал. 508). Мозаичната работа беше извршена од Месрс Раст & Ко. Од Батерси. Бискупот Вилберфорс го благослови темелниот камен на црквата во Јануари 1887, а црквата беше комплетирана во 1891.

Сигурно Нил Моат е во право во наоѓањето Исламски и други влијанија овде (види п. 173), но воглавно овие мозаици го рефлектираат ентузијазмот за таква работа во доцниот деветнаести и раниот дваесетти век кога Византиското влијание беше во најголемиот подем. Целината на ефектот беше многу важна, па затоа било големо и многу скапо превземање. Горните или високо-левелираните мозаици беа составувани во работилницата, но пониските, “Започнати од Вилијам Блек Ричмондовите современи (1842-1921) серии на мозаици во св. Паул Катедралата” беа “средени по дамнешниот ‘директен метод‘ пр. tesseræ (делчињата) биле составувани индивидуално од артистот и неговите помошници работејќи in situ (на лице место)” (175).

altar 1d

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Олтарот, со неговото богато опкружување.

Изрезбано од страна  на фирмата на Емли&Санс од Њукасл, самиот олтар е уметничко дело, изработен од “Павоназа мермер….внимателно селектиран…неговите бои, со деликатна градација од жолтеникави и розови тонови, се претопуваат во сиво-сини ознаки” (цитирано во Моат 151). Но и опкружувањето е прекрасно, најдолните нивоа направени од преубави мозаици како гореопишаните , проследени со глазирани коцкасти панели дизајнирани од страна  на Спенс, избоени и позлатени од страна  на Џорџ ВулискрофтРед (1855-1920), со Христијански симболизам и цветни детали. Централните медалјонски емблеми на апостолите одекнуваат низ изрезбаните кругови во мермерните проекции. На северните и јужните ѕидови е тенок, цветен ластик, со фигури во природна големина над него, опишувајќи ја поворката на апостоли кои го водат патот кон централната фигура на проекцијата, воскреснатиот Исус. Првата фигура на јужниот ѕид на пример, е св. Петар, кој лесно се препознава поради неговите клучеви за портите кон Рајот; последниот кој држи страшен нож, е св. Бартоломео, чиј инструмент за мачење бил касапски нож.

mosaic 1e

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мозаикот над олтарот.

Мозаичките фигури над олтарот го отсликуваат воскреснатиот Исус, како што беше наведено погоре, придружен од архангелите Габриел од левата страна, и Михаил од десната (види моат 158). Габриел држи лилјан, кој не потсеќа на неговата улога на ангел предвесник, а Михаил е во целосен оклоп држејќи меч кој ја пробушува змејовата уста (со добар сет заби), и држи штит со црвен крст. Погледнете тука за поблизок поглед на фигурите на проекцијата. На двете страни на источниот ѕид се блоковни дизајни кои Моат ги опишува како “разгранетите украси” на Спенс, кои се расцветуваат и растат до врвот на покривот (далечни 39 стапки); како што забележува, “завртените кривини” се предвесник на “Art Nouveau дизајни на декада или повеќе подоцна” (173), нешто што дури и веб-страната на црквата го смета за “многу смело”  за тоа време.

1g mosaic

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јужниот ѕид на дветилиштето, со декоративната шема која продолжува околу до оргулите.

Забележете дека дури и внатрешните арки или горните световни прозорци се вклучени во шемата. Ова исто така може да биде видено на световните прозорци во Вестминистер Катедралата, слично блескава креација од тој период под влијание на Византија. Моат ни кажува дека уште еден важен архитект од ова време, Џон Полард Седдон (1827-1906), особено ја предпочитал фирмата употребена од Спенс, Месрс Раст & Ко., за такви типови на работа (163, б. 102), и лесно е да се види зошто, и штета е што подоцна Раст & Ко. Беше превземена од Повел & Санс и Салвиати & Ко.

mosaic 1hmosaic 1i

 

 

 

 

 

 

 

Јужниот ѕид повторно, кој ја покажува sedilia. Десно: оргулите и јужниот ѕид гледани од покрај говорницата, горниот дел кој беше изрезбан, како друга дрводелска работа тука, од Ралф Хедли .

Ричмонг исто така има ангели во поткровјата во св. Паул црквата. Изгледа ова било добар начин да ги смести нивните раширени крилја, правејќи драматична слика и обележувајќи го влезот во најсветиот дел на црквата, давајќи предвкус на самиот Рај со неговата сина, небесна позадина. Се на се, Раст & Ко. покриле “сигурно повеќе од две илјади квадратни стапки ѕид” (Моат 171).

mosaic 1jmosaic 1k

 

 

 

 

 

Мозаици на црковниот под покрај крстилницата. Лево: цветен мозаик. Десно: дизајн со риба..

Тргајќи ја мермерната површина во капелата за да се направи место за понискиот панел на мозаици може да звучи како екстраваганција. Но, помислете на критицизмот на Седон за видот на дробни украсувања на црквите на други места. Иако соработниците од втора рака биле неизбежни во црквите во било која дел на историјата, Седон се обидел да го задржи тоа каде што било возможно “еден ум, или барем умови од ист калап” не треба да ја контролираат целината (цитирано во Сладен 85). Не само високодекорираниот покрив, кој е панелиран, вградуван, тапетиран и позлаен во олтарот, но и подот треба да биде дел од шемата. Големиот одмотувачки цветен модел над левото го подготвува набљудувачот за поразработена мозаичка работа приложена во капелата (како што е прикажано на првите две слики најгоре, со бојата во големиот круг која не доаѓа од цвет, туку од син паун со раширен опаш) кој го завртува погледот кон олтарот и потоа нагоре кон големите ѕидни мозаици кои го достигнуваат кровот. На полесен тон, дизајнот на риба, давајќи рибни мотиви на друго место во црквата, може да бидат поздрав до љубовта на Бискупот Вилберфор кон аголи (види Моат 183, бр 3), како и да ги носи вообичаените Христијански симболичности.

Наградите за оваа голема и високопредизвикувачка работа беа помали од очекуваното. Моат пишува “Изгледа Спенс добил само една понатамошна мозаична работа која би можела да се спореди со св. Џорџ. и тоа таа за големиот хол на св. Паул школото во Хамерсмит (1896-1905), но за жал, оваа школа била демолирана (иако е позната од фотографии).” Моад продолжува да кажува дека Спенс е сеуште “вбројан во уметниците одговорни за модерното оживување на мозаиците како современа уметничка форма во Британија” (172), но исто така признава дека современите критичари на црковна мозаична работа го имаат превидено.

Поврзани материјали

  • Црква Св Џорџ, Џезмонд
  • Говорници и други дрворезби во св. Џорџ
  • Обоено стакло во св. Џорџ  St George’s
  • Меморијал за Чарлс Мичел, добротвор од св. Џорџ
  • Меморилај за Чарлс Вилијам Мичел, син на добротворот

Референци

Моат, Нил. Aтеатар за душата: сб. Џорџ црква, Џезмонд: Зградата и културна прифатеност на доцна-Викторијанска црква. Њукасл Универзитет: Докторска теза, 2011.

“Капела и светилиште.” Вебсајт на црквата Св.Џорџ. 13 Октомври 2015.

Певснер, Николаус, и Иан Ричмонд. Зградите на Англија: Нортумберланд. 2ра едиција, пречесен Џон Гранди ет ал. Нов Рај:  Јејл Универзитетско списание, 2002

Сладен, Тереза. “Византиство во Капелата: Површински декорации и црковни ентериери.” Во црквите 1870-1914, Викторијанскиот општествен дневник, Проучувања на Викторијанската архитектура & дизајн. Том III. 2011. 81-99.

 

 

Log in with your credentials

Forgot your details?

ARE YOU READY? GET IT NOW!
Increase more than 500% of Email Subscribers!
Your Information will never be shared with any third party.
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a Quick Quote
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
Wait! We update this list regularly.
Subscribe to get notified when we add new shippers.
Don't worry, we hate spam too.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
GET THE LATEST UPDATES
Wait a minute! Before you go, complete this form so we can let you know when this list is updated.
Don't worry, we hate spam too.
Success! We'll Let You Know When We Update This List.
Get Notified When This List Is Updated
Wait a minute! We update this list on a regular basis. Do you want to get notified as soon as changes are made?
* Don't worry, we hate spam too.
Form submitted, we'll let you know.