Модели на невербална комуникација

Забелешка: Следните белешки се белешки кои ги направив достапни за студенти на BSAD560, Интеркултурни Бизнис Односи, дипломски курс понуден како изборен во MBA програмата на Ендрјус Универзитет. Доколку имате корист од овој материјал, може да го употребувате за некомерцијални цели како учење, интеркултурни тренинг семинари, итн. Во такви слуачаи, приложете соодветно напоменување на Др Чарлс Тидвел, Дин Емеритус, Ендрјус Универзитет.

Што е невербална комуникација?

Дефиниција (ЦБЦ): “невербалната комуникација ги вклучува невербалните стимули во комуникациска ситуација, кои се предизвикани од изворот (говорникот), и неговата или нејзината употреба на околината, која има потенцијална говорна вредност за изворот или примачот [слушачот] (Самовар ет ал). Во основа, тоа е испраќање и примање на пораки на различен број начини без употребата на вербални кодови (зборови). Таа може да биде и намерна, и ненамерна. Повеќето говорници/слушачи се несвесни за ова. Вклучува, но не е ограничено на:

  • Допир
  • Поглед
  • Контакт со очите (гледање)
  • Јачина
  • Вокална нијанса
  • Близина
  • Гестикулации
  • Гримаси ? пауза (тишина)
  • Интонација
  • Начин на облекување
  • Став
  • Мирис
  • Избор на зборови и синтакса
  • Звуци (парајазик)

Широко кажано, постоојат две основни категории на невербален јазик:
невербални пораки произведени од телото;
невербални пораки произведени од широката поставеност (време, место, тишина)

Зошто е важна невербалната комуникација?

Во основа, таа е една од клучните аспекти на комуникацијата (и од особена важност во културите со голем контекст). Има повеќе функции:

  • Се користи за да се повтори вербалната порака (пр. посочување во одредена насока кога се објаснуваат насоки).
  • Често е употребувана за да се потенцира вербална порака (пр. вербалниот тон укажува на вистинското значење на специфичните зборови).
  • Често се надоврзува на вербалната порака, но исто така може да се котрадиктира. Пр. климнувањето со глава ја зајакнува позитивната порака (помеѓу Американците); намигнувањето може да контрадиктира на изјавена позитивна порака.
  • Регулира интеракции (невербалните знаци прикажуваат кога треба другата личност да зборува, или да не зборува).
  • Може да биде замена за вербална порака (особено ако е блокирана од бучава, прекинување и сл.) – пр. гестикулации (прст на усните за да се укаже да се биде тивок), гримаси (пр. климнување со главата наместо кажување да).

Забележете ги импликациите на поговорката: “Делата говорат погласно од зборовите.” Во суштина, тоа ја потенцира важноста на невербалната комуникација. Невербалната комуникација е од особена важност во интеркултурни ситуации. Веројатно невербалните разлики надоместуваат за вообичаените потешкотии во комуникацијата.

Културни разлики во невербалната комуникација

  1. Генерален изглед и начин на облекување

Сите култури обрнуваат внимание на тоа како изгледаат, и прават проценки базирани на изгледот и начинот на облекување. Американците, на пример, наликуваат на опседнати со начинот на облекување и личната привлечност. Земете ги в предвид културните разлики во стандардите за тоа што е привлечно во начинот на облекување и што покажува скромност. Забележавтете дека начинот на облекување се употребува и како знак на статус?

  1. Движења на телото

Ние испраќаме инфомации на став кон личност (стоење одспроти или навалување кон друга личност), емоционална поставеност (тапкање со прстите, вртење парички), и желба да се контролира околината (движење кон или подалеку од одредена личност).

Постојат повеќе од 700 000 движења кои можеме да ги направиме – невозможно е да ги категоризираме сите! Но, треба да сме свесни дека движењето на телото и позицијата се клучни состојки во испраќање на порака.

  1. Става

Земете ги в предвик следните акции и забележете ги културните разлики:

  • Поклонување (не се прави, критикува, или има било какво влијание во Америка; покажува ранк во Јапонија)
  • Легачење (некултурно во повеќе Северноевропски области)
  • Раце во џеб (знак на непочитување во Турција)
  • Седење со прекрстени нозе (навредливо во Гана, Турција)
  • Покажување на долниот дел од стапалото (навредливо во Тајланд, Саудиска Арабија)
  • Дури и во Америка, има разлика во прифатената става помеѓу половите?
  1. Гестикулации

Невозможно е да се наведад сите. Но, треба да се препознае дека: 1) има неверојатна можности и  разноликости и 2) дека она што е прифатливо во сопствената култура, може да биде навредливо во друга. Дополнително, количината на употребени гестови варира од култура до култура. Некои култури се поживи; други воздржани. Воздржаните култури често сметаат дека поживитите култури немаат доволно манири и воздржаност. Поживите култури често сметаат дека воздржаните култури немаат доволно емоции или интерес.

Дури и едноставни работи како користењето раце за покажување може да се разликува.

Посочување: во Америка со показалецот; во Германија со малиот прст; Јапонците со целата рака (всушност, повеќето Азијци го сметаат покажувањето со показалец за некултура)

Броење: Палец = 1 во Германија, 5 во Јапонија, среден прст за 1 во Индонезија.

  1. Гримаси

Додека некои би кажале дека гримасите се идентични, значењето кое им се придава на нив е различно. Мислењето на мнозинството е дека овие всушност имаат слично значење на глобално ниво во однос на смеењето, плачењето, или покажувањето лутина, тага, или гадење. Како и да е, интензитетот варира од култура до култура. Забележете го следното:

  • Многу Азиски култури ги потискаат гримасите колку што е можно повеќе.
  • Многу Медитерански (Латински/Арапски) култури претерано покажуваат жалење, додека повеќето Американски мажи ги кријат жалењето и тагата.
  • Некои ги гледаат “живите” изрази како знак на недостаток на контрола.
  • Премногу смеење се смета како знак на плиткост.
  • Жените се смеат повеќе од мажите.
  1. Контакт со очите и гледање

Во Америка, контактот со очите укажува на: степен на внимание или интерес, влијае на промена на односот или убедување, ја регулира интеракцијата, искажува емоции, дефинира моќ и статус, и има централна улога во менаџирање на импресиите на другите.

  • Западни култури – гледаат на директниот контакт очи во очи како позитивно нешто (ги советуваат децата да ги гледаат луѓето во очи). Но и во Америка, Африканските Американци користат повеќе контакт со очи кога зборуваат, а помалку кога слушаат, додека Англо-Американците го прават тоа обратно. Ова е можно поради некое чувтство на нелеснотија помеѓу расите во Америка. На пролонгираното гледање често се гледа како знак на сексуален интерес.
  • Арапските култури имаат пролонгиран контакт со очите – веруваат дека покажува интерест и им помага да ја разберат искреноста на другата личност. (личност која не го прави истото, се смета за недоверлива)
  • Јапонија, Африка, Латинска Америка, Карибите – избегнуваат контакт со очите за да покажат почит.
  1. Допир

Прашање: Зошто се допираме, каде се допираме, и какво значење му придаваме на тоа кога некој друг ќе не допре?

Илустрација: Африканско Американски маж влегува во маркет кој неодамна бил превземен од страна на Корејски имигранти. Тој му дава банкнота од 20$ на г-дин Чо, кој е касиер, и чека за неговиот кусур. Тој е вознемирен кога неговиот кусур е ставен на рафтот пред него.

Шро е проблемот? Традиционалните Корејци (и многу други Азиски земји) не допираат странци, особено членови на спротивниот пол. Но Африканските Американци гледаат на ова како уште еден пример на дискриминација (не го допира бидејки е црнец).

 

Едноставен одговор: Допирот е културно одреден! Но, секоја култура има јасен концепт за тоа кои делови од телото не смеат да се допрат. Основната порака на допирот е да се влијае или контролира – заштита, поддршка, недозволување (пр. прегратка, бакнеж, удар, клоца).

  • Америка – ракувањето е често (дури и за странци), прегратки, бакнежи за членовите на спротивниот пол или членови на смејството (вообичаено) на значителнон поинтимна основа. Забележете ги разликите помеѓу Африканските Американци и Англо-Американците во Америка. Повеќе Африкански Американци се допираат при поздравување, но ги иритира ако ги допрат по главата. (гестови на “добро момче”или ”добро девојче”)
  • Исламски и Хинду земји: обично не се допираат со левата рака. Ако се направи тоа, се смета за социјална навреда. Левата рака е за тоалетни употреби. Според манирите, во Индија се крши лебот само со десната рака (што понекогаш е тешко за не-Индијци)
  • Исламските култури во глобала не дозволуваат никакво допирање помеѓу припадници на различен пол (дури ни ракувања), но го сметаат таквото допирање (вклучувајќи држење за раце, прегратки) за соодветно помеѓу припадници на истиот пол.
  • Многу Азијци не се допираат за главата (главата е дом на душата, и допирот ја загрозува).

Основни обележја: Културите (Англиска, Германска, Скандинавска, Кинеска, Јапонска) со концепти на голема емоционална воздржаност имаат малку јавен допир; културите кои охрабруваат емоции (Латински, Средоземни, Еврејски) прифаќаат чести допирања.

8. Мирис

  • Америка – страв од јаки природни мириси (билионска индустрија за да се прикријат непристојни мириси со она што се смета за пријатно) – повторно е поврзано со концептот на “привлечност”.
  • Многу други култури ги сметаат природните телесни мириси за нормално нешто (Арапски).
  • Азиските култури (Филипинците, Малазијци, Индонезиски, Тајландски, Индиски) ставаат акцент на често бањање – и многу често ја критикуваат Америка поради недоволно често бањање!

9. Парајазик

  • Вокални симболики (смеа, плач, викање, стенкање, виење, ждригање, зевање). Овие испраќаат различни пораки во различни култури (Јапонија – кикотењето укажува срам; Индија – ждригањето укажува на задоволство)
  • Вокални придавки (тон, висина, ритам, темпо и тон). Да се биде гласен укажува на сила во Арапските култури, а нежност укажува на слабост; укажува на самодоверба и авторитет кај Германците; укажува на нељубезност во Тајланд; укажува на губиток на контрола кај Јапонците. (Во глобала, во Јапонија се навикнувате да не “викате” за скоро ниедна причина!). На база на полова припадност исто така: жените имаат тенденција да зборуваат со повисок тон и понежно од мажите.
  • Вокални одвојувачи (а-ха, шшш, ах, ооох, мммх, хмм, ех). Одвојувачите укажуваат на фомалност, прифатливост, согласност, несигурност.

https://www.andrews.edu/~tidwell/bsad560/NonVerbal.html

Log in with your credentials

Forgot your details?

ARE YOU READY? GET IT NOW!
Increase more than 500% of Email Subscribers!
Your Information will never be shared with any third party.
Get a Free Quote Now
Success! We'll be in touch.
Get a Quick Quote
Get a Free Quote Now
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
Wait! We update this list regularly.
Subscribe to get notified when we add new shippers.
Don't worry, we hate spam too.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
GET THE LATEST UPDATES
Wait a minute! Before you go, complete this form so we can let you know when this list is updated.
Don't worry, we hate spam too.
Success! We'll Let You Know When We Update This List.
Get Notified When This List Is Updated
Wait a minute! We update this list on a regular basis. Do you want to get notified as soon as changes are made?
* Don't worry, we hate spam too.
Form submitted, we'll let you know.