Млечниот лек: Необработено млеко лекува многу болести

http://www.realmilk.com/health/milk-cure/

(translation by Jimmy Antovski on 12/19/2016)

1/1/2000

Следниот текст е уредена верзија на статија напишана од д-р Џ. Р. Кру од Фондацијата Мајо, претходник на Клиниката Мајо во Рочестер, Минесота, објавена во јануари 1929 во Certified Milk Magazine. Благодарни сме му на д-р Рон Шмид, доктор по натуропатија во Мидлбури, Конектикат, што го откри ова фасцинантно дело. „Млечниот лек“ беше тема на уште барем две книги од други автори напишани по делата на д-р Кру. Во сите случаи се употребуваше необработено млеко, единствениот вид на млеко достапно во тие денови,  од пасени крави и богато со млечна маст. Лекувањето е комбинација на брза детоксикација и исхрана полна со хранливи материи. Имајте на ум дека Кру го цитира Вилијам Ослер, автор на стандарден учебник по медицина од времето. Како резултат на тоа, оваа постапка беше вообичаена и прифатена терапија во раните 1900-те. Денес, Клиниката Мајо нуди хируршки зафати и третмани со лекарства, меѓутоа ништо не е толку ефикасно и префинето како „Млечниот лек.“

 

Авторот веќе петнаесет години го користи потврдениот млечен третман за разни болести и во последните десет има мал санаториум посветен првенствено на овој третман. Резултатите добиени од разни видови на болести беа еднообразни и толку одлични што концепцијата за болест и неговото ублажување е изменето. Самиот метод е толку едноставен што не ги интересира повеќето лекари и главниот стимул за неговата употреба доаѓа од самите пациенти.

За лекување на болест треба да стремиме кон подобрување на елиминација, да произведуваме повеќе крв и поквалитетна крв за да го зголемиме отпорот на телото. Овој метод успева да ги реализира овие работи. Заболувања на крвта брзо се подобруваат и генералната состојба и отпорот се зголемува и следи заздравување.

Во неколку случаи, Ослер (Принципи и практики во медицината, од Вилијам Ослер, доктор по медицина, осмо издание) говори дека млекото е всушност бела крв. Млекото наликува на крв и е корисно за подобрување и произведување на нова и поквалитетна крв. Крвта е клучна за метаболизамот. Во медицинската литература, млекото е исклучително познато како корисна и комплетна храна.

Терапијата е едноставна. Пациентите се одмараат во кревет и на интервали од половина час им се дава мали количества млеко. Севкупно, околу пет до десет квартови (4,7л до 9,4л) млеко дневно. Повеќето пациенти почнуваат со три или четири квартови (2,8л или 3,7л) млеко дневно и обично ова се зголемува за една пинта (473мл) дневно. Диафореза (прекумерно потење) се поттикнува со топли капења и топли обвивки и топлина во други форми. Се прави клистир дневно.

Третманот се користи за многу хронични болести но главно за туберкулоза, болести на нервниот систем, кардиоваскуларни и бубрежни болести, хипертензија, како и со пациенти кои се со помала телесна тежина, исцрпени, итн. Има неверојатни резултати кај срцеви и бубрежни болести и кај висок крвен притисок. Во случаи каде што има видлив едем резултатите се изненадувачки. Ова е особено неверојатно бидејќи таканаречената водена болест никогаш не била лекувана со големи количини на течност. Со повлекување на сите лекови, еден пациент изгуби единаесет килограми за шест дена. Истовремено огромен оток исчезна од стомакот и нозете и донесе огромно олеснување на пациентот. Пургативи и диуретици не му беа дадени на пациентот. Ова својство на млекото во лекувањето на едеми е забележано и кај срцеви и во бубрежни болести.

Пациенти со срцеви болести реагираат одлично без лекови. Пациентите кои земаат лекови како црвен бутин и други стимуланси престануваат да ги земаат. Пациенти кои имаат висок крвен притисок делуваат одлично и во

повеќето случаи резултатите траат подолго. Третманот успешно се користи и за прекумерна телесна тежина без дополнителна исхрана. Еден пациент ја намали тежината од 147кг до 128кг за две недели пиејќи четири квартови млеко (3.7л) дневно, додека нејзиниот крвен притисок се намали од 220 до 170. Добиени се и задоволителни резултати во неколку случаи на дијабетес.

Кога болни луѓе се ограничени на исхрана која содржи многу витамини и ги има сите елементи потребни за раст и одржување, кои се достапни во млеко, тие брзо заздравуваат без употреба на лекови и без да ги трпат сите компликации на современата медицина.

Под насловот „Лекување на хроничен гастритис“, Ослер напиша, „Строга млечна исхрана треба да се испроба“ (Принципи и практики во медицината, од Вилијам Ослер, доктор по медицина, осмо издание). И цитирајќи го Џорџ Шејн тој напиша „Млекото и крвта не се разликуваат во ништо освен боја: млекото е крв.“ Во однос на лекување разни болести, тој навистина немаше многу да каже за лекови но кажа доста за исхраната и особено препорача големи количества на млеко, како и вообичаено.

Под насловот за воспаление на бубрезите (стр. 704) тој вели, „за извесно време млекото или јогуртот би требало да биде главната намирница.“ Под лекување на стомачен рак (стр. 505) тој вели дека многу пациенти најдобро поминуваат пиејќи само млеко. Под лекување на ревматска грозница (стр. 378) тој вели, „млекото е најсоодветната исхрана.“ Со поткрепа од Олсер, човек не треба да се колеба да оди чекор понапред. Всушност, речиси сите лекари се согласуваат за вредноста на млекото како храна и како важен дел од исхраната во лекувањето на разни болести. Меѓутоа, ретко се користи како главен лек во лекувањето на болести.

Повеќе од 16 години раководам со мал санаториум каде што млекото се користи речиси самостојно во лекувањето на разни болести. Резултатите толку често се задоволителни што се разбира се воодушевив и се заинтересирав за овој метод на лекување болести. Користевме квалитетно млеко од „Гернзи“, кое има 700 калории во еден кварт.

Интересно е што овој третман делува исто кај болести што немаат никакви сличности. На пример, псоријазата совршено се расчистува. Подобрувањето на туберкулоза или нефритис е подеднакво интересно но нема сличности меѓу овие болести. Еднаш чув како истакнат лекар дискутира за псоријаза. Тој рече, „Ова беше најлошиот случај на псоријаза кој сум го видел досега. Момчето буквално беше покриено со крлушки од глава до пети. Го  ставивме на млечна диета и за помалку од еден месец имаше кожа како на бебе.“ Ова за мене значи дека очигледно имаше некоја хранлива материја, витамин или недоволен жлезден секрет кој беше надоместен со млекото.

Добро познато е дека нема период од животот на речиси секој цицач, особено на човекот, кога телото е толку убаво и совршено како во периодот кога единствената храна е млекото. Може да се каже дека нема период во животот кога телото е толку совршено како што е во раното детство кога бебето се рани со млеко од здрава мајка.

Се смета дека арапите (Енциклопедија Британика) физички се најубавата раса на светот. Нивната исхрана главно се состои од млеко и млечни производи со овошје, зеленчук и малку месо.

Сите сте запознаени со пишувањата на полковникот МекКарисон, медицински службеник во британската војска. Тој ни кажува дека девет години бил стациониран во Индија во едно подрачје на Хималаите. Тој вели дека домородците физички беа многу убави со младешки изглед и во постарите години. Исто така вели дека живеат долго и се плодни. За време на неговиот деветгодишен престој таму, тој речиси и не виде никаква болест, ниеден случај на малигни или абдоминални заболувања. Исхраната на овие луѓе беше едноставна, главно составена од зеленчук, овошје, млеко и млечни производи.

Стефансон напиша интересни работи за Ескимите, кои пред да бидат допрени од цивилизација беа цврсти и робусни. Нивната исхрана речиси потполно се состоеше од месо и риба. Меѓутоа, тој ни кажува дека навиките на овие месојадци се слични на месојадните животни. Волкот најпрво го јаде срцето и ја вади крвта а потоа ги јаде жлездестите и внатрешните органи, оставајќи го мускулното месо за крај. Ескимите го прават истото.

За време на една експедиција, г. Стефансон и неговата група тргнаа на деветмесечен пат преку Арктикот со намирници за само еден ден. Сите претходни истражувачи на Арктикот велеа дека цивилизиран народ не може да живее во арктичкиот регион без да ги донесат своите резерви. За време на тие девет месеци, г. Стефансон и неговата група скоро никогаш не беа без изобилство на храна која главно се јадеше замрзната и сурова. Од искуството на Стефансон сакам да докажам, најпрво, дека е возможно луѓето да бидат робусни и да одржуваат добро здравје со само неколку видови на јадења со ограничен избор. Она што го имаат заедничко сите овие исхрани е тоа што поголемиот дел од храната се јаде сурово. Сакам овде да нагласам дека нашите одлични резултати добиени од лекувањето на болести се заслужни на сурова храна и необработено млеко.

Искуството од гледање брзо подобрување во многу случаи на болести благодарение на исхрана со необработено млеко се` повеќе потврдува дека голем број на современите болести се поради отстапување од примитивните методи за подготвување на обична храна. Лекувањето на разни болести во текот на 18 години со применување на млечна исхрана успеа лично да ме убеди дека најважниот фактор во  предизвикувањето на болест и штитењето од болест е храната. Сум видел толку многу случаи со брзи и видливи резултати по применувањето на ова лекување што ништо не може да ме убеди поинаку.

Најчесто сме виделе задоволителни резултати во лекувањето на анемија, вклучувајќи ја и пернициозната анемија, со млечна исхрана. Многупати сум видел видливо намалување на големината на обична и токсична штитна жлезда, со подобрување на токсичната. Во заболувања на простатата и поврзани болести, овој третман постигнува брзо и видливо подобрување на инфекцијата и намалување на жлездата и опструкцијата. Еден професор по хирургија во еден од нашите државни универзитети еднаш ми кажа, „Откако го применувам твојот метод за лечење болести на простатата имам одлични резултати и ниту еден смртен случај.“ Му одговорив дека ако продолжи да го користи овој третман уште малку тогаш ќе нема потреба да оперира. Со овој третман значајно се подобрени сите инфекции на уринарниот тракт.

Еден мој стар пријател, 74-годишен столар, имаше видлива срцева рана и целосна опструкција на простатата па беше неопходно да се користи траен катетер. Земаше црвен бутин но престана и не земаше никакви лекови. Простатата беше многу голема а преостанатата урина гнасна. Неговото закрепнување беше брзо и оттогаш може да работи. Сега е во многу добра здравствена состојба и има 77 години. Еден друг маж беше излекуван пред шест години од тешка хронична зимска кашлица  и болест на простатата која го принудуваше да станува многупати во текот на ноќта. Пред неколку дена тој не извести дека оттогаш нема никакви проблеми со заболувања.

Секако сме имале бројни пациенти кои го земаа третманот како „третман за убавина.“ Ткивата се зацврстуваат и изгледот е генерално и видливо подобрен.

Еден пациент со напредно срцево и нефритично заболување изгуби едем тежок преку 13кг за шест недели. Човек би помислил дека големите количини на течност ќе го зголемат едемот но гореспомнатото искуството се повторува многупати во помали мери.

Задоволително делува и на хипертензија. Крвниот притисок брзо се подобрува. Никогаш не сум видел толку брзи и трајни резултати со друг метод. Еден од пациентите живееше скоро исклучиво на млеко повеќе од три години.

Пред околу десет години, еден маж дојде во санаториумот тешко боледувајќи од циститис и нефритис. Тој беше дијабетичар. Бидејќи млекото содржи околу пет проценти млечен шеќер,  се стравуваше дека  нема да може да ја поднесе оваа количина на шеќер. Но сепак ја поднесе и состојбата му се подобри и за осум недели тој се ослободи од шеќерот. Моето искуство со млечна исхрана во дијабетесот е ограничено но многу интересно. Овие неколку пациенти кои сум ги имал, околу седум или осум, беа презадоволни со резултатите. Се користеше инсулин во некои од случаите. Сите целосно или делумно се ослободија од шеќерот после четири до десет недели. Фактот што овие пациенти можеа да применуваат послободна исхрана од вообичаената исхрана која дијабетичарите можат да поднесат [после лекувањето] укажува дека барем делумна регенерација на панкреасите е возможна.

Неодамна добив писмо од војник кој беше затворен во државна болница во Аризона [поради туберкулоза]. Тој пиша дека еден мој поранешен пациент го убеди да го проба овој метод. Тој пиша дека му било толку подобро што и другите пациенти исто така го пробуваат и ме праша за поспецифични инструкции. Исто така ми кажа дека пациентите мораа сами да си купуваат млеко и не добија никаква поддршка од надлежните во болницата.

Има голем број на пациенти кои се болни но во кои не може да се одреди дефинитивната болест. Овие пациенти често се со помала телесна тежина. Можат да јадат големи количества храна меѓутоа не им се зголемува ни килажата ниту силата. Овие пациенти добро реагираат на нашиот метод со големо количество млеко.

Главниот недостаток на ова лекување е тоа што е премногу едноставно. Пациентите се обидуваат да го применуваат дома но има многу тешкотии. Исто така, овој метод не е привлечен за современиот лекар.

Оваа статија е препечатена во летното 2002 издание на „Wise Traditions,“ тромесечниот весник на „Weston A. Price Foundation.

Log in with your credentials

Forgot your details?

ARE YOU READY? GET IT NOW!
Increase more than 500% of Email Subscribers!
Your Information will never be shared with any third party.
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a Quick Quote
Get a Free Quote Now
Success! Your request has been submitted.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
Wait! We update this list regularly.
Subscribe to get notified when we add new shippers.
Don't worry, we hate spam too.
Get a new copy of this list each time it's updated.
(Don't worry, we hate spam too)
We'll Let You Know When We Update This List.
GET THE LATEST UPDATES
Wait a minute! Before you go, complete this form so we can let you know when this list is updated.
Don't worry, we hate spam too.
Success! We'll Let You Know When We Update This List.
Get Notified When This List Is Updated
Wait a minute! We update this list on a regular basis. Do you want to get notified as soon as changes are made?
* Don't worry, we hate spam too.
Form submitted, we'll let you know.